Дигитална трансформација со одбрани зделки

Што е TechPack?

TechPack е иницијатива на Стартап Македонија која ги мобилизира стартапите да им помогнат на традиционалните мали компании да се дигитализираат и да одговорат на предизвиците на новото време.

Кризата што ја предизвика Covid-19 вирусот укажа на потребата од рапидна дигитализација на микро, малите, и средни претпријатија, кои се столбот на македонската економија, за да ги траснформираат своите бизнис модели и полесно да ја пребродат оваа и сите наредни кризи.

Локалната стартап и ИКТ заедница одговори на повикот да ја помогне и поддржи дигитализацијата на македонската економија и нуди софтверски решенија, услуги, и знаење за адаптирање на македонските традиционални компании на новата економија.

На почетокот стартап и ИКТ компаниите понудија бесплатен пристап до своите дигитални алатки и решенија во времетраење од најмалку 3 месеци, како и едукативни видео материјали за применување и имплементирање на алатките, за водење он-лајн бизнис, вовед во дигитални вештини. Во соработка со коморите и бизнис асоцијациите се идентификуваа потешкотиите со кои се соочуваат малите компании и врз основа на нивните потреби во иднина ќе можат да се поврзуваат со стартапи и ИКТ компании кои би можеле да им понудат соодветни решенија, информации, или сеопфатна едукација за процесот на дигитализирање на едно претпријатие.

Платформата TechPack содржи три компоненти кои се важни за претријатијата, поточно зделки, едукативни видео материјали, како и решенија. На платформата има понуда чија содржина е на македонски јазик, таргетирана и приспособена кон голем број локални индустрии, значи се она што им е потребно на компаниите да се трасформираат и се развиваат во новата нормала.

За иницијаторот

Стартап Македонија се залага во поврзување на македонската стартап заедница преку пристап до квалитетни податоци, поддршка за стартапите, и создавање на поволна средина за развој на стартап екосистемот. Тие имаат за цел да се спроведе дигитализација на екосистемот, да помогнат на организациите преку поддршка да ги подобрат и прилагодат своите услуги според потребите на пазарот при започнување на бизнисот, како и Македонија да се направи центар на поврзување во приватниот сектор, и да се зајакнат македонските мрежи на национално и меѓународно ниво.